Џеф Безос, сопственик на Амазон, и Лорен Санчез за првпат се појавиле заедно во јавноста на “голема врата”: тие го следеле финалето на Вимблдон помеѓу Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер.
Двајцата седеле само три редови зад принцот Вилијам и Кејт Мидлтон и најмалку му обрнувале внимание на мечот – воглавно се бакнувале и галеле, и тоа само неколку дена откако е финализиран разводот на Безос “тежок” 38 милијарди долари.
Enraptured Jeff Bezos covers Lauren Sanchez in kisses during a PDA-packed trip to Wimbledon https://t.co/XLnX7955f9
— Daily Mail US (@DailyMail) July 14, 2019
Нивната афера беше откриена пред седум месеци, а сега покажале дека повеќе не се грижат за туѓите коментари. Сега веќе поранешната сопруга на Џеф, Мекензи, е позната писателка, а дипломирала на Принстон. Кога го основале Амазон, таа се посветила на работата во компанијата и добротворните акции.

Со Лорен Санчез и сега веќе нејзиниот исто така поранешен сопруг Патрик Вајтсел, инаку познат холивудски продуцент, семејството Безос биле семејни пријатели. Лорен се занимавала со многу работи – водела танцувачко шоу кое пропаднало по една сезона, водела утринска програма, а имала и помали улоги во неколку филмови.





