Наједноставниот рецепт за грчкото лепче кое се јаде со суфлаки и гиро

938

Лепчето во кое се става гирото е со посебен вкус, а вообичаено не мора да се јаде само со оваа комбинација – идеално е за различни јадења и сосови.

Намирници за лепчето:

– 160 милилитри млеко на собна температура;
– 80 милилитри вода на собна температура;
– 1 лажичка шеќер;
– 2 лажички квасец;
– 320 грама тврдо брашно;
– 1 и пол лажичка сол;
– 1 лажичка мајчина душица;
– 1 супена лажица маслиново масло;
– бибер.

Подготовка:

Во една чинија ставете млеко, вода, шеќер и квасец и мешајте додека не се соединат. Додадете брашно, сол и мајчина душица.

Мешајте додека смесата не почне да се лепи за вашите прсти. Ставете го тестото во друг сад кој претходно сте го премачкале со масло, покријте го со крпа и оставете го тестото да нарасне. Тестото за 20-30 минути ќе нарасне двојно.

Исечете го тестото на шест еднакви делови, а потоа секое парче направете го во кружен облик.

Ставете маслиново масло да се грее во тава, но на тивко.

Откако ќе се загрее тавата, поставете го едното парче тесто и печете го неколку минутки (како палачинки), од двете страни.

Посолете, ставете бибер и уште малку мајчина душица.

За да ви биде уште повкусно може да подготвите и цаѕики сос, а ние ви посакуваме пријатен апетит.