Најголем интерес за референдумот кај иселеницете во Швајцарија и Словенија

782

До Државната изборна комисија преку веб апликацијата www.dijaspora.se​c.mk до денеска до 12 часот се пријавиле 1.459 граѓани за гласање во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во странство за претстојниот референдум. Најголем е интересот за гласање на македонските иселеници во Берн и во Љубљана.

Од нив, како што соопшти денеска од ДИК, 1.431 пријави се прифатени, 27 се одбиени, а една пријава е во обработка.

Најголем број пријави се доставени за гласање во Берн – 160, во Љубљана – 105, во Лондон – 93, и во Торонто – 88.​

Најмал број пријави поднесени се за гласање во Атина, Киев, Њу Делхи, Подгорица, Приштина и Тирана – по една пријава.

ОД ДИК информираат дека дополнително ќе излезат со информации за податоците од јавниот увид во избирачкиот список.