Во јамата Добрња Југ кобната ноќ настрадале 180 рудари, сите кои таа вечер се симнале во јамата биле убиени од експлозијата и облакот од јаглената прашина.
Телата на починатите биле извлекувани со денови, а за трагедијата поради која 365 мали деца останаа без родители, никој не одговарал.
Пред точно 30 години во рудникот за Крек во местото Мрамор кај Тузла се случила најголемата рударска трагедија забележана на овие простор. Настрадала целата, најмлада смена од 180 рудари, на просечна возраст од 27 години. Единствениот кој ја преживеал трагедијата бил Смајл Имамовиќ, кој после несреќата пет дена бил клинички мртов.
Во трагедијата, за која се вели дека до ден денес никој не одговорал, настрадале нечии синови, мажи, браќа…Без родител останале 365 мали деца.
Сите кои таа вечер се симнале во јамата, со исклучок на Имамовиќ, нето после полноќ ги убила експлозија, до која, како што вели истрагата, дошло поради неправилно минирање на челичната потпора.
Во ексклузивна исповед за српски Телеграф, Амела Јунузовиќ раскажува како изгледала кобната ноќ во која останала без својот татко Расим. Тој имал 29 години, таа само пет, но и понатаму се сеќава на се, како вчера да се случило.
-Ме пробуди плач. Се сеќавам дека мајками лежеше со бело марамче преку лицето. Покрај неа беа дедо и баба. Сите чекавме тато да дојде. Засекогаш ќе ми остане во мислите плачот кога стигна чичко ми и рече дека никој не преживеал – раскажува Амела.
Нејзиниот татко случајно заминал на смена
Братот на Амела во моментот на несреќата немал ниту полни две години. Расим, кобната ноќ случајно се нашол во рудникот.
-Тато во рудникот тогаш работеше веќе осум години и секогаш работеше прва смена. Судбина или нешто друго, со колега тој ден менуваше смена. Тогаш за прв пат замина да работи ноќна смена, се спушти во јамата непосредно пред трагедијата и повеќе не се врати – раскажува таа.