Крушево денес го одбележува 38. роденден на Тоше Проески, на својот сограѓанин, на македонската и балканска музичка ѕвезда, на човекот со огромно срце за помош на секого.
Во чест и спомен на Тоше, оганизирани се повеќе манифестации. Пред сѐ, посета и почит пред неговото вечно почивалиште на Гумење.
Фановите од земјава и странство веќе се пристигнати во Крушево. Од пред два дена пристигнаа неговите поддржувачи од Словенија, Србија, од Бугарија.
Тоше замина без да му се исполнат неговите најголеми желби според многумина тоа се, да стане светска ѕвезда и да оствари семејство.
Поранешната ракометарка Андријана Будимир беше негова последна љубов, која несреќата за жал ја прекина и ги раздели.
Андријана Будимир денеска е среќно мажена и има едно дете, синот Максим.
Пет години по трагичната смрт на пејачот Андријана Будимир се омажи со момчето Јохан со кое претходно беше во врска една година.
Нејзиниот сопруг веќе има две деца и е разведен, а по раѓањето на нејзиното прво дете изјави дека Максим ќе биде иден ракометар.
Будимир има и свое училиште за деца ракометари во Македонија кое одлично го води.