26-годишната манекенка Ники Валентина Роуз е горда сопственичка на најголемите гради во Велика Британија.
Таа досега има потрошено дури 40 илјади фунти (околу 44 илјади евра) на операции за своето бујно деколте.

“Тоа е нешто кое отсекогаш сум го посакувала”
Ники моментално има гради со големина 34NN по британските мерки. Таа на последната операција вбризгала по 5 илјади кубици силикон, а секоја града ѝ е тешка по 8,8 килограми.
“Пресреќна сум поради своите големи гради. Тоа е нешто кое го посакував уште кога бев тинејџерка. Имам најголемо деколте во земјата, фасцинирана сум од големи гради”, изјавила Роуз која тврди дека ќе извади пар ребра со цел уште повеќе да ги зголеми градите.
Сепак, таа вели дека понекогаш тие ѝ сметаат:
“Понекогаш имам проблем со нив, воглавно при возењето или кога се депилирам. Спијам на стомак и лежам на нив, тоа е релаксирачки бидејќи ми служат како големи перници”, изјавила Ники која истакнува дека поради своите облини секогаш го привлекува вниманието каде и да се појави.

Докторите ја предупредуваат
“Имам многу поголема самодоверба откако ги зголемив градите. Некои пријатели се загрижени за моето здравје, а други се среќни бидејќи и јас сум среќна. Странците воглавно се шокирани бидејќи никогаш не виделе волку големи гради и сите сакаат да се фотографираат со мене”.
Манекенката вели дека добила бројни предупредувања од докторите дека нејзиното тело не може да издржи толку голем товар.
“Докторите ми кажаа дека ќе почнам многу брзо да се уморувам и ќе станам мрзелива, што би можело да доведе до дебелеење”, заклучила Ники Роуз.
