“Најк” предизвика хаос во американската репрезентација пред Олимпијадата

697

Каваи Ленард го откажа својот настап а репрезентацијата на САД.

Иако за повеќето познавачи на кошаркарските збиднувања ова не претставуваше изненадување имајки го во предвид текот на кариерата на Ленард и неговите чести повреди, во јавноста се крена голема прашина за неговата замена во составот.

На олимписките игри во Парис ќе настапува Дерик Уајт (од Бостон Селтикс) кој веќе има настапувано за репрезентацијата. Главна причина за неговиот ангажман е одличната одбрана која ја поседува. Доведувањето на искусниот бек вo составот (неочекувано) предизвика хаос. Во САД не може да поверуваат дека во овој елитен состав нема место за Браун и за Ирвинг.

Она што ги изненади многумина е недоведувањето на двајца играчи кој повеќе од заслужено би требало да се најдат во репрезентативниот состав. Станува збор за два кошаркари кој се соочија меѓусебно во големото финале. Кајри Ирвинг кој во дресот на Далас Маверикс ја одигра една од најдобрите сезони во досегашната богата кариера како и најкорисниот играч во финалната серија, Џејлен Браун кој ја освои титулата со Бостон Селтикс. Во САД не може да поверуваат дека во овој елитен состав нема место за двајца од најдобрите играчи на светот.

Одлука околу тоа кој ќе настапува за репрезентацијата носи првиот човек на националниот тим, легендарниот Грент Хил. Хил се обиде да го оправда изборот потенцирајќи ја потребата од квалитетен одбранбен играч (посебно во отсуство на Ленард), но не даде конкретен одговор зошто се изоставени останати екстра квалитетни играчи на таа позиција. Во репрезентацијата веќе настапува Џејсон Тејтум па за очекување беше да му се приклучи неговиот тимски колега и пријател, Џејлен Браун.

Токму Браун отворено ја искритикува оваа одлука и покрај тоа што се работи за негов тимски колега. Како и најголемиот број на љубителите на кошарката, така и Браун не се сложува со последните случувања и одлуките на раководството на репрезентацијата. Во САД не може да поверуваат дека во овој елитен состав нема место за Браун и за Ирвинг.

“Така ли ќе играме Најк?” – напиша Браун (на платформата “X”) кому главен спонзор му е спортската опрема Адидас и како директна причина го наведува токму овој податок поради кој не е повикан да настапува за својата земја. Брендот “Најк” е генерален спонзор на кошаркарската репрезентација на Америка веќе подолг период.

Кога станува збор за Кајри Ирвинг, исто како и Браун не го претставува “Најк” туку брендот “Анта” а неговите атипични изјави и ставови го стави во “втор план” во многу ситуации па и во оваа. Покрај тоа што многумина ја ценат искреноста на поранешниот шампион (како и неговите неспорни квалитети) токму несекојдневните ставови на Ирвинг го доведоа до раскин на договорот со “Најк” пред помалку од 2 години.

Да не заборавиме, во минатото имаше исти ваков случај кога еден од најдобрите играчи во NBA и еден од најуникатните ликови кој се појавиле на кошаркарските терени (неоправдано) беше изоставен од репрезентацијата. Станува збор за Ален Ајверсон кој во своите најдобри денови репрезентативниот дрес го облече само еднаш. Тоа се случи во 2004 година, на олимписките игри во Атина и (интересно) кога спонзор на репрезентацијата не беше “Најк” туку брендот “Рибок”.

Иако репрезентацијата на САД е фаворит пред престојната олимпијада, изборот на последниот играч во ростерот фрли “дамка” добрата атмосфера и оптимизмот кој владее во тимот.
Кошаркарскиот турнир на Олимписките игри во Парис почнува за 15 дена.

NBA FAN
Димитар Младеновски