Почетна Живот Најмладата милијардерка се пофали со новата куќа , ја платила 250 милиони...

Најмладата милијардерка се пофали со новата куќа , ја платила 250 милиони долари (ФОТО)

1066

Форбс потврди дека Кајли Џенер е сè уште најмладата милијардерка на светот.

Ѕвездата на Инстаграм и сопственичката на империјата за козметика Kylie Cosmetics стана најмладата милијардерка која сама си ги заработила парите на само 22 години, а извештаите на американските медиуми велат дека деновиве си купила нова вила во близина на Лос Анџелес за која дала неверојатни 250 милиони долари.

View this post on Instagram

quarantine bae

A post shared by Kylie 🤍 (@kyliejenner) on

Новата вила на Кајли Џенер има 2000 квадратни метри и изгледа како замок од соништата.

Иако младата милијардерка на Инстаграм сè уште не го покажува луксузот, фотографиите од вилата стигнаа до медиумите и многу од деталите на ентериерот и надворешноста зачудуваат.

Кајли за прв пат стигна на топ листите на милијардери во март 2019 година, а дополнително ја зацементира нејзината позиција во ноември кога продаде 51% од акциите во нејзината компанија Kylie Cosmetics  за 600 милиони долари.

Кајли ја основа компанијата на само 18 годишна возраст, а по продажбата остана заштитно лице на брендот.