Естрадата на Балканот е подготвена да искешира брдо пари како би дошле до што подобар хит. Најскапите песни општопознато во регионот ги има Ана Николиќ, а во нејзино друштво се Адил Максутовиќ, Бобан Рајовиќ, Рада Манојловиќ како и Ивана Салаков.
Песната на Ана Николиќ „Ромале Ромали“ со која се натпреваруваше на Беовизија во 2006-та година ја платила неверојатни 30 илјади евра.
Оваа сума тогаш отиде во џебот на Кики Лесендриќ кој тврди дека атрактивната пејачка заработила десет пати повеќе од истата песна.
Таа песна ми донесе 30 илјади евра, но тоа не е голема сума со оглед на тоа дека Ана Николиќ со неа заработи 300 илјади евра, рече во една прилика Кики.