Најнови анализи: Дали вакцините против коронавирусот можат да предизвикаат стерилитет и нус појави кај потомството?

539

Српскиот министер за здравство, Златибор Лончар откри дали вакцините имаат влијание врз потомството.

Лончар, денеска во Собранието изјави дека не се точни приказните дека не треба да се вакцинираат оние што треба или сакаат да создадат семејство.

Одговарајќи на прашањето на пратениците во српскиот парламент, зошто никој од експертите јавно не објасни дека не е точно дека луѓето што сакаат да основаат семејство не треба да се вакцинираат, Лончар ги замоли сите одговорни лица во Србија да не веруваат во шпекулации и рекла казала муабети што не се поддржани со факти.

Ако имаше проблем, ние први ќе кажевме дека има проблем и дека вакцината може да предизвика некои последици или дека не е добро некој да ја прима. Кога некој ќе ви каже дека нешто влијае на бременоста или што било друго, замолете ги тоа да го поддржат со некои докази, кога и каде е тоа докажано, и кој стои зад тоа, рече Лончар.