Тед Банди, убиец и силувач, бил најопасниот криминалец во историјата на САД, сметаат криминолозите.
Тој е дефиниција за исконско зло, оценуваат полицајците и психолозите.
Банди признал дека силувал и убил 30 жени и девојки во текот на 70-тите години, но полицијата верува дека неговите жртви биле најмалку 50.
Банди бил уапсен случајно при сообраќајна контрола бидејќи неговиот автомобил „буба“ им бил сомнителен на полицајците.
По апсењето, дури двапати успеал да избега, а за време на второто бегство за само една ноќ нападнал пет девојки, при што убил и брутално силувал три од нив.
Тој поминал десет години во затвор пред егзекуцијата.
Експертите што го проучувале криминалниот пат на Банди го опишале како умен и интелигентен манипулатор кој ги шармирал своите жртви.
На жените им бил привлечен, а се претставувал и како полицаец.
Банди имал свој тип на жртва – тенки девојки со долга руса коса. Се верува дека неговиот ангажман на убиец започнал кога го оставила една таква девојка во која бил лудо заљубен.
Сите жртви ги убивал на сличен начин – им го пресекувал гркланот, ги убивал со тап предмет или ги давел.
Потоа полицијата сфатила дека сите исчезнати девојки се слични, а подоцна ќе се утврди дека изгледале како неисполнетата прва љубов на Банди, наведуваат американските медиуми.