Најпосакуваниот актер на светот ќе се повлече од филмската индустрија

712

Во интервју за јулскиот број на австралиското издание на „GQ“, Бред Пит призна дека планира постепено да се повлече од филмската индустрија.

-Моментно стојам зад камерата и се занимавам со снимање на филм, што многу ми се допаѓа. Но, планирам тоа да го правам се поретко. Искрено речено, мислам дека актерството е за помладите. Да, има улоги и за повозрасни актери, но се доаѓа и си заминува и тоа е еден природен процес, признава 55-годишниот актер.

Последниве години Бред Пит прифаќа се помалку улоги, а освен тоа има и свои бизниси од кои добива големи приходи, што може да му дозволи да се откаже од филмската индустрија.

Бред со децении е прогласуван за најпосакуван актер во светот.