Најпознатиот негативец од акциските филмови – се верил со 38 години помлада девојка, а сите велат дека таа личи на неговата ќерка

603

Актерот во месец јули 2020 година на својот Инстаграм профил споделил фотографија на која ја прегрнува Ема, а таа го покажува својот прстен на раката: „Нешто многу посебно се случи тука во Шведска“, напишал тој тогаш.

Долф Лундгрен (63) кого го паметиме по улогата во филмот „Роки 4“ ги изненадил сите кога се верил со својата 38 години помлада избраничка, фитнес инструкторка Ема Крокдал (25).

Ханс Долф Лундгрен е шведски актер, режисер, продуцент, мајстор по боречки вештини и дипломиран инженер по хемија.

Покрај Чак Норис, Арнолд Шварценегер, Брус Вилис, Силвестер Сталоне, тој припаѓа на златната генерација на акциските херои кои беа омилени во текот на 80-те години. Настапувал во над 50 филмови од кои речиси сите биле од акциски жанр, но останал запаметен по улогата во „Роки 4“.

Иако неговата кариера во текот на 90-те години „се стишила“ сепак во 2010 година тој се вратил на филмското платно.

Актерот бил во врска со пејачката Грејс Џонс, а бил двапати венчан со Пери Мом од 1991 до 1992 година и подоцна со дизајнерката за накит Анет Квиберг од 1994 до 2011 со која има две деца.

Тој веќе неколку месеци е во центар на внимание поради тоа што се вери со 38 години помладата девојка Ема.

На нивните заеднички фотографии чести се коментарите со прашања: „Дали таа ти е внука?“ или „Голема е разликата во годините меѓу вас“.

Исто така многумина забележале дека неговата избраничка многу потсетува на неговата ќерка Ида.