Најпродаваниот спортски автомобил на светот го произведува „Ford“

584

Овој модел на „Ford“ во изминатите години доста се споменуваше во јавноста поради неговите возачи кои често не знаат да се справат со огромната сила на моторот во комбинација со заден погон.

„Ford Mustang“ беше и остана омилено спортско купе, не само во Северна Америка туку и од оваа страна на океанот. Затоа и не треба да нè чуди што денес, кога го прославува својот 57-ми роденден, уште еднаш ја освојува титулата за најпродаван спортски модел на светот.

Титулата ја освојува шеста година по ред, а во 2020 година успеа во тоа благодарение на продадените 80.577 примероци и пазарен удел меѓу спортските автомобили од 15,1 отсто, што е благо покачување во однос на 2019 година кога уделот изнесуваше 14,9 отсто.

Притоа, вкупната продажба поради пандемијата е намалена, со оглед на тоа што 2019 година ја заврши со продадени 102.000 примероци.

Очекувано, најпопуларен пазар за „Mustang“ се Соединетите Американски Држави со 61.090 продадени автомобили, а најмногу го сакаат во Тексас.