Спој на совршени состојки во само еден колач
За преливот за корите
- 3 јајца
- 40 грама шеќер
- 0,5 децилитри масло
- масло за подмачкување на тепсијата и корите
- 200 грама кисела павлака
- 100 грама гриз
- 1 прашок за печиво
- 125 грама стопен путер
За баклавата
- 200 грама мелени ореви
- 200 грама мелени бадеми
- 200 грама суво грозје
- 200 грама мелени ‘фстаци
- 200 грама мелени лешници
- 0,5 килограми кори за баклава
За преливот
- 750 грама шеќер за сирупот
- 1 лимон
- 1,5 литри вода
Начин на подготовка:
Измешајте 3 жолчки, шеќер, ванилин шеќер, масло, павлака, гриз, прашок за печиво и стопен путер во еден сад и мешајте додека не се соединат состојките.
Додајте 3 изматени белки и промешајте.
Премачкајте ја тепсијата со 0,5 децилитри масло и наредете три кори, па секоја од нив намачкајте ја со смесата што сте ја направиле претходно.
Повторете ја постапката 3 пати, па на третата намачкана кора, наросете мелени ореви.
Повторно наредете и премачкајте три кори, па на третата наросете мелени бадеми. По новите три премачкани кори, наросете ситно исечкано суво грозје на третата кора. Повторете ја постапката со три кори, па на нив наросете мелени ‘фстаци. Конечно, по уште три намачкани кори, наросете мелени лешници врз баклавата. Премачкајте уште две кори со смесата, третата наредете ја, но немојте да ја мачкате.
Добро притиснете ја баклавата со дланките и израмнете ја, па исечете ја на дијагонални парчиња.
Печете 10 минути на 180 степени, а потоа 45 минути на 150 степени. Проверувајте дали баклавата е печена, така што со виљушка ќе ја раздвојувате таму каде што е сечена и ќе гледате дали дното е испечено.
Пригответе го преливот така што во тенџере ќе загреете вода, шеќер и лимон, околу 10 минути.
Прелијте ја врелата баклава со прелив и потоа притиснете ја со друг плех за да се израмни баклавата.
Чувајте ја во фрижидер барем 24 часа пред да ја послужите, за да се соединат вкусовите.