Оваа стара, избледена фотографија настанала во 1911 година во фабрика во словенечкиот град Камник. На неа засекогаш останале забележани лицата на работниците за време на паузата за ручек, меѓутоа, еден од нив во наредните години засекогаш ќе ја промени историјата на Балканот.
За Јосип Броз Тито и денес, децении по неговата смрт, кружат разни приказни и гласини. Се менува местото на неговото раѓање, се зборува за различни занимања, но и за тоа што работел пред да се појави на историската сцена како лидер на партизаните во Втората светска војна.
За активностите на Тито во најраната младост се познати мал број информации. Во неговата биографија пишува дека во 1911 година се вработил во фабриката „Титан“ во Камник. Токму во овој словенечки град настанала фотографијата за која денес се верува дека е најстарата фотографија од маршалот.
https://t.co/HXQid5TGJd
NAJSTARIJA FOTOGRAFIJA JOSIPA BROZA: Pažljivo gledajte, možete li da ga pronađete – FOTO pic.twitter.com/ANku1OhkbC— Webtribune.rs (@WebtribuneRs) February 24, 2018
Станува збор за групна фотографија од работници кои за време на паузата за ручек ги фотографирал Чехот Јинчик, кој исто така работел во фабриката како алатничар.
Помалку од една година по работата во „Титан“, фабриката отишла во стечај, а Јосип Броз Тито останал без работа. На работниците им било кажано да заминат за Чешка и таму да си ја испробаат среќата, а Тито бил дел од групата која заминала. Од 1911 до 1913 година работел во фабрики во Австроунгарија и Германија.
Историската фотографија за првпат била објавена во магазинот „Дуга“ во 1975 година и е претставена како најстариот спомен од тогашниот маршал на СФРЈ.
А доколку не успеавте да го пронајдете: