Кралицата Елизабета втора денеска го погреба својот сопруг, војводата од Единбург, принцот Филип, а сите кои го следеле преносот на церемонијата истакнале еден емотивен и тажен момент.
Кралицата поради мерките воведени во услови на пандемија, морала сама да седи додека се простува од својот сопруг, со кој била во брак 73 години.
Сите кои го следеле преносот, сочувствувале со старицата, која во тој момент изгледала осамено.
The saddest photo.
My heart is breaking for The Queen.#PrincePhilipfuneral#QueenElizabeth pic.twitter.com/cjnMiCIDcC— Dalia Taylor Winslow (@thisiscoral) April 17, 2021
„Кога идните историчари ќе ја раскажуваат приказната за пандемијата, фотографијата од кралицата која седи сама, со маска на лицето и во жалост, сигурно ќе биде класифицирана меѓу најемотивните“, напишала Керолин Дејвис, новинарка од „Гардијан“.
„Ова е најтажната сцена која ќе ја видите денеска“, е еден од коментарите на Твитер, додека други се надоврзувале со фотографии од осамената кралица.
„Што и да мислите за кралското семејство, оваа слика е толку тажна. Жена, сама, се простува од својот сопруг со кој била повеќе од 70 години во брак“, напишал еден Твитер корисник.
Многумина велеле дека за момент треба да го заборавиме нашето мислење за кралското семејство и да се фокусираме на многу искрен момент и да сочувствуваме со болката на кралицата Елизабета.
„Таа е човечко суштество кое страда за својот сопруг, ова е тажна сцена“, „Таа сега мора да најде начин како ќе го помине остатокот од животот без него покрај себе“, „Сцената од 94-годишната баба во жалост, толку сама, ми го распарчува срцето“, се ределе коментари.
„Не е важно кој сте. Ако седите сами на погребот на вашиот сопруг, со кој сте биле повеќе од 70 години, тоа е срцепарателно. Се молам за кралицата Елизабета“, напишала Шери.
I don’t care who you are. Being sat alone for the funeral of your spouse of 70+ years is heartbreaking. Prayers of grace and peace for Her Majesty Queen Elizabeth. #PrincePhilipfuneral pic.twitter.com/9j7DNpCL7n
— Sherry (@sherry_usmcwife) April 17, 2021