Листата на 500 највлијателни муслимани за 2019. година ја објавил Кралскиот исламски центар за стратешки истражувања.
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган е на врвот на листата на највлијателни муслимани на светот, втор е саудискиот крал Салман бин Абдулазиз Ал Сауд, а на трето место е јорданскиот крал Абдулах Втори, јавува агенцијата “Anadolia”.
Оваа листа ја објавил Кралскиот исламски центар за стратешки истражувања со седиште во Јордан.

Во извештајот се наведува дека Ердоган во август 2014. година станал првиот директно избран претседател на Турција, а дека вториот мандат го добил со победа во првиот круг.
“Во текот на мандатот на Ердоган Турција остварила невиден економски раст, уставни промени и повторно израснала во една од главните глобални сили”, се наведува во соопштението.

Се истакнува дека Турција под водство на Ердоган се фокусирала на зајакнување на односите и соработка со земји на сите континенти, а посебно со соседите, вклучувајќи ја и Грција.
“Во Африка, Турција отворила повеќе од 20 нови амбасади и конзулати. Кога Сомалија патела поради глад и суша, Турција и пратила помош, а Ердоган станал првиот неафрикански лидер кој ја посетил таа земја по две децении”, се наведува во извештајот.
Во изданието на листата од 500 највлијателни муслимани на светот за 2016. и 2017. година, Ердоган го заземал осмото, а во изданието за 2018. година – петтото место.
