НАМАЛЕНА КАЗНА: НЕ 3,5 – ДВЕ ГОДИНИ затвор за возачот кој НА ПЕШАЧКИ ја прегази 22-годишната Теодора

125

Јавноста со право е вознемирена. Основниот суд во Тетово досуди 24 месеци затвор за возачот кој на прешачки премин смртоносно ја прегази 22-годишната Теодора Ристевска, доби две години казна затвор.

Ова е пресудата на Основнниот суд во Тетово, откако процесот 2,5 години се влечеше низ правосудните лавиринти. Казната е изречена по признание на вина.

Рочиштето се одржа откако претходните две се одложија, оти возачот, Менсур Пајазити, бил во болница.

Случајот досега помина низ неколку судски лавиринти. Во ноември 2023 година, Основниот суд во Тетово му изрече казна од три и пол години затвор, но Пајазити ја обжали пресудата. Апелациониот суд му ја намали казната на две години, а Врховниот суд, на барање за вонредно преиспитување, ги укина двете пресуди и го врати случајот на почеток.

Пајазити се товари за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, со можност за казна затвор од една до пет години.

Семејството на Теодора, иако изморено од постојаните судски одложувања и пресврти, остануваше дека е решено – правдата, колку и да доцни, мора да дојде.

Надежта, не ги напушташе ни пред еден месец, на што укажува и следниот прилог од почетокот на минатито месец. Правдата, сепак, не дојде за Теодора…