Наместо во Германија доаѓа во Македонија за да брани во Вардар

799

Новата состојба во Бундеслигата му создаде шанса на европскиот првак Вардар да ја комплетира голманската позиција за наредната сезона. Само реми не одговараше на дуелот меѓу Гумерсбах и Битигхајм, а токму таков беше исходот. Молк во арената на Битигхајм, молк кај навивачите на Гумерсбах, молк за излез од елитното бундеслигашко друштво на двете екипи, информира 24Ракомет.

-А само пред неколку месеци амбициозните Германци го најавија големото засилување од полскиот првак Келце, Филип Ивиќ, кој се договори со Гумерсбах за трансфер од лето. Но сметките не беа во баланс, а фактот што Гумерсбах ќе замине едно скалило надолу го прави договорот со Филип Ивиќ раскинлив и информациите околу можен трансфер во Вардар веројатни. Уште одамна се зборуваше за кокетирањето на хрватскиот интернационалец со македонскиот шампион, сепак тој се одлучи да го послуша советот на неговиот менаџерски тим и од Полска се упати кон Германија. Сега кога клубот кој беше добитен повеќе не е доволно атрактивен, Ивиќ повторно се врти кон Македонија, пишува порталот.