Дали и вие кога ќе слушнете за калиум помислувате на банани?
Калиумот е многу важна хранлива состојка која не би требало да биде исклучена од нашата исхрана, бидејќи придонесува за добро здравје на срцето, бубрезите и многу други органи.
Исто така, според студијата објавена во американското списание за кардиологија, зголеменото внесување на калиум на дневно ниво за 1.640мг. може да го намали ризикот од мозочен удар за дури 21 отсто.
Урмите исто така содржат калиум и фосфор, кои се многу важни за добро здравје на коските и превенција за остеопороза. Покрај тоа, содржат значителна количина на влакна, а тие придонесуваат за правилно функционирање на дигестивниот систем.
Вистина е и дека содржат голема количина на шеќер, но се работи за непреработен шеќер што малку ‘олеснува’ во ситуацијата.
Се разбира, добро би било да ги консумирате умерено.