Наоми Кемпбел е трудна?

1725

Светските медиуми шират гласини за тоа дека славната манекенка Наоми Кемпбел е бремена во петтата деценија од својот живот, дека е во четврт месец и се чувствува одлично.

Среќните вести на Инстаграм ги објави нејзиниот избраник, раперот Скепта, кој сподели фотографија од ултразвук.

Набрзо после оваа објава, Наоми објави низа на фотографии каде што има рамен стомак, па сѐ уште не е познато дали Наоми навистина е бремена.

Манекенката и раперот ја официјализираа врската пред половина година, кога и двајцата се појавија на насловната страна на престижниот британски магазин на кој позираа во долна облека.

 

 

Погледнете ги сите вести од забава