Напад на Божиќен пазар во Стразбур: Најмалку 4 лица загинаа, напаѓачот им побегнал на полицајците…

907

Во близина на Божиќен пазар во Стразбур се случил вооружен напад во кој што животот го загубиле најмалку четири лица, а 11 биле повредени, од кои 7 се во критична состојба.

Според последните информации на француските медиуми, напаѓачот ѝ бил добро познат на полицијата, а тој и натаму е на слобода. Напаѓачот бил идентификуван како 29-годишниот Ф.С. кој со себе имал пиштол и нож, а полицијата го ранила во престрелката.

Некои француски медиуми пренесуваат дека тој утринава требало да биде уапсен поради сомнение за убиство, но не бил дома. Кристоф Кастанер, министер за внатрешни работи на Франција пристигнал на местото на нападот, а полицијата вооружениот напад го означи како акт на тероризам.

Откако избиле пукотниците, луѓето започнале панично да бегаат, а полицијата започнала да ги евакуира граѓаните и да го празни централното градско подрачје. На местото на инцидентот веднаш пристигнале полициските сили, а целата област била блокирана.

„Полицијата не натера да останеме во ресторанот и да ги изгасиме светлата“, открил еден од очевидците за француските медиуми.