Џенифер Лопез (50) се појави на Фестивало во Торонто, каде го промовираше новиот филм „Hustlers“ , a иако акцентот требаше да биде на филмот и нејзиното гламурозно издание, тоа „падна во вода“.
Џеј Ло заблеска во жолт слоевит фустан изработен од тул и украсни панделки.
Пејачката со својот атрактивен изглед ги намами очите на сите присутни кога одеше на црвениот тепих во овој впечатлив изглед.

ФОТО:ТАНЈУГ/АП
Сепак, некои од присутните извадија транспаренти на кои пишуваше дека актерката и пејачка ги мрази животните и да престане да носи крзно. Некои фрлаа по неа со хартија и направија скандал на настанот.

ФОТО:ПРОФИМЕДИА
Џенифер освен од обезбедувањето имаше и заштита од свршеникот кој дојде на премиерата на филмот.

ФОТО:ПРОФИМЕДИА
Џеј Ло е главната sвезда на филмот во кој игра стриптизета, а како што е познато, филмот се заснова на вистински настан.
Иако на премирата не носеше крзно, луѓето не заборавија дека тоа не ретко го прави, па ја искористија оваа прилика за да ја посрамотат.