Нападнато седиштето на Ангела Меркел со автомобил и оваа заканувачка порака

761

Меркел денеска требаше да води видео-конференција на која ќе се разгледуваат можните нови мерки во борбата против ширењето на коронавирусот.

Според изјавите на сведоците, возилото удрило во вратата пред канцеларијата на германската канцеларка Ангела Меркел, пренесува британската новинска агенција „Ројтерс“. Засега нема информации за евентуални повредени.

На фотографиите и видеата кои кружат на социјалните мрежи може да се види дека на автомобилот се испишани пораките „Проклети убијци на деца и старци“ и „Стоп за политиката на глобализација“.

„Колегите моментално се на местото на настанот заедно со сојузната полиција. Пред вратите на зградата стои автомобил. Истражуваме дали возачот, кој е приведен, со управувал со возилото. Наскоро ќе излеземе со повеќе информации.

Меркел утринава требаше да води видео-конференција со лидерите на германските сојузни покраини на кои ќе се разгледуваше можноста за воведување на нови рестриктивни мерки со цел да се сузбие ширењето на коронавирусот во земјата.