Француската полиција го уапси напаѓачот кој со нож уби три лица во катедрала во градот Ница.
Како што пренесуваат француските медиуми, исламскиот терорист на една жена ѝ ја отсекол главата, а уште неколку лица ранил кај катедралата Нотр Дам.
Градоначалникот на Ница, Кристијан Естроси истакна дека станува збор за терористички напад, а напаѓачот извикувал „Алаху Акбар“ дури и после апсењето.
„Осомничениот беше ранет од полицијата при приведувањето. Жив е и се наоѓа во притвор“, истакна градоначалникот на Ница.