Нарачале прекрасни фустани, а ова се „ужасите“ кои ги добиле

1377

Без оглед на ризикот дека нема да го добиеме она што е на фотографијата, многу често нарачуваме облека преку интернет. Ова се некои од модните гафови кои ја покажуваат разликата помеѓу порачаното и испорачаното.

Иако сите горе-долу сме свесни за опасноста на онлајн купувањето, истражувањата од 2017-та година покажуваат дека дури 90% од Европејците купуваат онлајн најмалку барем еднаш годишно.

Една девојка нарачала „body-con“ фустан, а добила фустан во друга боја, кој воопшто не ја следи линијата на телото.

Свечената вечерна зелена тоалета, ниту со бојата ниту со обликот не наликува на онаа од огласот.

Исечоците на црниот фустан не се на исто место како оние на фустанот кој бил на огласот.

Белиот летен фустан повеќе наликува на згужвана ноќница.

Овој фустан од бајките не ѝ изгледал бајковито на оваа девојка кога првпат го облекла.

Свечениот златен фустан изгледа како по грешка да е испратен наместо некој друг.

Прекрасниот виолетов вечерен фустан ја има само истата боја како оној кој бил на огласот.

Ова црно фустанче веројатно би изгледало малку подобро ако е испеглано.

Кај зелениот фустан и кројот и бојата се погрешни.

Белиот фустан требало да биде како венчаница, но воопшто не наликува така.