Народната банка денеска ја одзеде дозволата за работа на Еуростандард банка – Скопје, соопшти на прес-конференција гувернерката Анита Ангеловска Бежоска.
НБМ утре до надлежниот суд ќе достави предлог за отворање стечај на Еуростандард.
Сите депозити, на 99,4 отсто од физичките лица ќе бидат исплатени во рамки на законските рокови.
Како што рече гувернерката, дозволата се одзема заради неисполнување на законските услови и даде уверување дека банкарскиот систем останува стабилен.