Народот зборува дека Исус се вратил и шета по улиците на оваа земја: Кој е човекот кој тврди дека е Син Божји!?

1545

Човекот кој тврди дека е Исус, носел бел пењоар со сина лента во склад со традиционалниот западен приказ на Исус Христос.

Христијаните го чекале христовото враќање веќе два милениуми, а според изјавите од Африка, тој наводно “слетал“ во Кенија, барем како што верува тамошниот народ.

Според фотографиите и видео снимките кои локалните жители ги споделуваат по социјалните мрежи, човекот кој тврди дека е Исус, Син Божји, моментално патува во Јужна Африка.

Некој корисник на социјална мрежа вели дека кенискиот пастор го пронашол “Исус“ како оди по улиците на Кенија и го повикал во црквата.

На социјалните мрежи се појавиле фотографии од долгокосиот, брадест белец кој ѝ се обраќа на публиката.

Исто така објавени се и видео снимки на кои се гледа како тој игра во кенискиот град Китенгел.

Постојат шпекулации дека бил виден и во Јужна Африка.

„Пасторот од Јужна Африка го повикал Исус денес да проповеда во црквата“ – напишал некој корисник на социјалните мрежи.

Идентитетот на овој човек досега не е утврден.