Вселенското летало, кое влезе во атмосферата на Марс со брзина поголема од 19 илјади километри на час, морала совршено да изведе комплексна серија на маневри и да забави, а потоа да го постави Роверот на своите шест тркала.
НАСА го објави првото видео на слетување на „Истрајност“ на Марс, после пат долг 480 милиони километри, во траење од седум месеци.
„Истрајност“ во четвртокот влезе во атмосферата на Марс, а потоа сигурно слета во кратерот „Језеро“, по што почна потрагата за докази за живот на оваа планета.
Леталото е најнапредното кое некогаш е испратено на друга планета.
Водителите на мисијата на лабораторијата на НАСА во близина на Лос Анџелес, заплескаа и сите почнаа да викаат од среќа кога радио сигналите потврдија слетување.
Your front-row seat to my Mars landing is here. Watch how we did it.#CountdownToMars pic.twitter.com/Avv13dSVmQ
— NASA's Perseverance Mars Rover (@NASAPersevere) February 22, 2021