НАСА планира да ја користи месечевата прашина за правење на структури на Марс

1092

Американската вселенска агенција НАСА се фокусира на испраќање луѓе на Месечината, но не за да остават отпечатоци или да закачат знаме, туку да останат на нејзината површина.

Меѓутоа, со цел астронаутите да преживеат, потребно е да ги користат ресурсите кои ќе ги пронајдат.

Во НАСА сметаат дека Месечината има многу да понуди и пред се’, тие се сигурни дека под површината има замрзната вода која е изложена на одредени места. Тие го потврдија присуството на лед на Месечината уште во 2008 година благодарение на индиското летало Chandrayaan-1, а една година подоцна НАСА дошла до истиот заклучок по спуштањето на леталото LCROSS во кратер на јужниот пол на Месечината.

Водата е клучна затоа што е битна и за луѓето на Земјата. Астронаутите би можеле да го користат овој ресурс за пиење, капење, полевање на билките и слично. Постои опција за разложување на водата на нејзините основни компоненти – кислород и водород со цел да се направи ракетно гориво за возилата кои патуваат кон и од површината на Месечината.

Но, на Месечината има уште еден ресурс кој е од големо значење, а тоа е месечевата прашина. Научниците размислуваат за начините на кои тлото би можело да се користи како градежен материјал, а тие успеале месечевата прашина да ја претворат во суровина за 3Д печатење. Наместо да се лансираат потребните материјали за месечева база од Земјата, НАСА би можела да испрати роботи-копачи и 3Д печатачи кои би можеле да се користат за производство на она што им е потребно на астронаутите за живот – од алатки, преку мебел па се’ до објектите во коишто тие ќе живеат.