Американската вселенска агенција NASA претходно објавуваше звуци од Марс, а неодамна нејзиното вселенско летало Јунона сними звуци кои доаѓаат од Јупитеровиот најголем сателит Ганимед.
Покрај Ганимед сондата Јунона поминала на 7 јуни 2021 година, а NASA објавила аудиоснимка во траење од 50 секунди.
Инаку, Ганимед е најголемиот сателил во нашиот Сончев систем.
Сондата Јунона е опремена со инструмент наречен Waves (бранови) со кој снима електрични и магнетни радиобранови, а тие потекнуваат од Јупитеровата магнетосфера.
Научниците успеале да соберат податоци, па по потоа ги промениле нивните фреквенции за да ги претворат во звук кој може да се слушне.
Нагла промена
Главниот истражувач на Јунона, Скот Болтон од Институтот Southwest Research во Сан Антонио изјавил дека „доколку се слуша внимателно, на средина на снимката може да се слушне промена во повисока фреквенција, што значи влегување во второто подрачје на Ганимедовата магнетосфера“.
Конечниот резултат е звук кој потсетува на дувањето на ветрот. Научниците велат дека тоа може да се смета како показател на постоење на живот на сателитот или во негова близина, но претходните истражувања покажале дека на Јупитер веројатно би можело да има живот.

Откривањето на тајните кои стојат зад Јупитер би можеле да дадат ново светло на еволуцијата на другите планети и на формирањето на самиот Сончев систем, изјавил Скот Болтон, главниот истражувач на мисијата Јунона.
„Ќе се обидеме да сфатиме од каде дојдовме и како дојдовме тука“, изјавил Болтон за „Вашингтон Пост“, па додал: „А, Јупитер е голем и значаен дел од таа приказна“.