На Фејсбук е споделен интересен текст од нашинец кој живее во Италија, а кој пишува дека едвај чека да се отворат границите за да си се врати во родниот крај, овде во Македонија.
Некои ќе речат. Лесно им е таму на нашиве по странство. Си земаат голема плата, ги имаат сите услови за работа, имаат достоинствени работи за кои чесно се платени и се почитувани од својот газда.
Но вистината е сосема поинаква. Едвај чекаме да се отворат границите и да си се вратиме долу во Македонија. После целиот притисок што го претрпевме овој изминат период, да си ги ги видиме нашите најблиски, нашите роднини, пријатели, да си се гушнеме.
Едвај чекам да си пивнам од најдобрата наша ракија, од нашето најдобро СКОПСКО, да си запеам македонска песна, да заиграм македонско оро, да почувствувам што беше тоа ДРУЖБА!
Овде е добро, но верувајте не е лесно. Да, точно е дека имаме работа од која се заработува многу повеќе од Македонија, но тука ја нема таа љубов. Тука ја нема таа дружба и поддршка меѓу луѓето! Затоа, другари отварајте границите, да си се вратиме дома. Ќе влезам во Македонија гордо исправен како Грујо у маџарски суд!