Извршниот одбор на германската Христијанско-демократска унија “CDU” денеска го поддржа Армин Лашет како кандидат на конзервативниот блок за наследник на Ангела Меркел.
Лашет наводно ја добил поддршката на партијата за кандидат за канцелар на Германија на изборите во септември, пренесува британската новинска агенција „Ројтерс“ повикувајќи се на неименувани извори.
Како што откриваат изворите за „Ројтерс“, членовите на одборот ја потврдиле способноста на Лашет да „приближува мислења, да развива ставови и да ги претставува доследно“.
Претседателството на “CDU” од Берлин претходно едногласно се изјасни за поддршка на Маркус Зедер како кандидат за канцелар, соопшти претседателот на покраинскиот одбор, Каи Вегнер.

Лашет и Зедер се гувернери на двете најнаселени покраини во Германија, Северна-Рајна Вестфалија и Баварија, двајцата објавија кандидатури, но инсистираат на тоа дека за кратко време ќе се пронајде заедничко решение.
Сепак, германските медиуми пренесуваат дека поддршката на Лашет во “CDU” е одлучувачки фактор затоа што тоа е многу поголема партија од “CSU” и води 15 од 16 германски покраини, додека пак “CSU” е на чело само во Баварија.