Наташа Беквалац: Цели 20 години секој настап го почнувам со дупло виски!

629

Пејачката Наташа Беквалац во неделата одржа голем онлајн солистички концерт, придружувана од својот бенд, во друштво на своите најблиски пријатели.

Новосадската барбика ги испеа своите најголеми хитови во ново руво и аранжмани, а меѓу секоја изведба се шегуваше на своја сметка и откриваше разни интересни детали од приватниот живот, кој ја разбранува јавноста цели 2 децении.

Меѓудругото Беквалац откри дека во досегашната кариера секој свој настап го стартувала со дупло виски: “Луѓе јас без виски никогаш во живот не сум пеела, дајте ми пијачка”!, се пошегува пејачката додека му се обраќаше на келнерот.

Инаку во февруари годинава Беквалац го одржа својот прв голем солистички концерт во Штарк арената во Белград.