Наташа Беквалац: „Да се разбереме, јас не ги мразам мажите!“

739

Наташа Беквалац по третиот брачен бродолом, кој, за жал, заврши со семејно насилство од страна на нејзиниот сопруг Лука Лазукиќ, и тоа само неколку месеци по раѓањето на нивната ќеркичка Катја, открива што би требало да се случи за повторно да му го подари своето срце на некој маж.

Да се разбереме, јас не ги мразам мажите, напротив. Ниту сум огорчена, ниту несреќна, а се’ помалку сум и повредена. Само сум во години кога би морал да ми се појави некој навистина посебен. Некој што, за почеток, би ми го привлекол вниманието, а потоа би ги придобил и мојата доверба и љубов“, искрена беше Наташа во разговорот за магазинот „Стори“.