Наташа Беквалац откри дали е во врска со познатиот српски кошаркар

1286

Веќе извесен период на големо се шпекулира дека Наташа Беквалац е во врска со познатиот кошаркар Богдан Богдановиќ, но пејачката во интервју за „Премиера“ ги негираше ваквите објави и откри дека воопшто не се познава со спортистот.

Ниту го имам видено, ниту се имам запознаено со него, накусо прокоментира пејачката и со оваа изјава стави крај на сите гласини.

Фото: Инстаграм

За потсетување, Наташа веќе подолг временски период, откако се разведе од Лука ужива во сингл статусот и во повеќе наврати досега истакна дека мажи во моментов не ја интересираат.

Откако мажите не ме интересираат, многу сум подобра во се останато. Мислам дека во минатото толку многу грешев затоа што многу внимание обрнував на емоциите и бев врзана за мажите. Тоа ме правеше слаба на сите други полиња во животот. Откако сум сама станав подобра личност, подобра пријателка, мајка, сестра… Ми тргна и во кариерата, фокусирана сум на неа и максимално ме исполнува, кажа пејачката во едно неодамнешно интервју.