Пејачката Наташа Беквалац пристигна во Скопје и веќе е на пат кон хотелот „Александар палас„ каде ќе биде гостинка на конференцијата за жени „Профемина“ која почна утрово.
Во рамки на гостувањето, Беквалац ќе зборува за својата кариера, но и за приватниот живот, негата, убавината, насилството кое го преживеа минатата година.
Ве очекуваме сите во хотел „Александар палас“, влезот е слободен!!!
Покрај Беквалац, на конференцијата ќе гостува и писателката и водителка Јелена Бачиќ Алимпиќ, а утрово честа да ја отвори „Профемина“ и припадна на Весна Дедиќ.