Пејачката Наташа Беквалац на 27 ноември доаѓа во Скопје и ќе биде специјална гостинка на конференцијата за жени „Профемина„ која што ќе се одржи во хотел „Александар палас“.
Новосадската барбика во интервју за „Бесктејџ“ открива дека со нетрпение исчекува да дојде 27- ми за да се дружи со македонската публика за која вели дека и е една од подрагите.
Во рамки на разговорот,Беквалац ги покани и сите нејзини фанови да повелат на солистичкиот концерт кој што ќе го одржи на 14 февруари во Белград по повод 20 години кариера, а откри и дека на гостите на „Профемина“ ќе им ја раскаже својата приказна и преку неа ќе проба да одговори на прашањето „Што жените сакаат“.
Во видеото во продолжение погледнете зошто на 27 ноември сите треба да бидете на „Профемина“: