НАТО наскоро ќе го добие првиот од петте германски “Notrop Gruman” дронови, со што Алијансата за прв пат ќе има сопствени шпионски дронови, соопштија од германската влада.
Државниот секретар при германското министерство за одбрана, Томас Зилберхорн соопшти дека првиот ваков дрон ќе биде испорачан во воена база на НАТО Алијансата во Италија. Подоцна во текот на годината, најмоќниот воен сојуз на светот ќе добие уште четири вакви дронови, вклучувајќи и специјална опрема развиена во „Ербас“.
НАТО Алијансата планира овие дронови да ги користи во операциите за заштита на копнените трупи, граничната контрола и анти-терористичките операции.
Дроновите ќе можат без прекин да летаат и до 30 часа во сите временски услови, а импресивно е и тоа што сите информации дроновите ќе ги доставуваат до базите во реално време.
Зилберхорн претходно пред германскиот парламент соопшти дека целата програма, развојот, производството и слично ќе чини околу 1,3 милијарди евра.