Треба да се следи активноста на вулканот Болшаја Удина на Камчатка поради опасноста од голема ерупција, заклучиле научниците, проучувајќи податоци од сеизмолошките станици поставени на вулканот.
Како што се наведува, вулаканот Болшаја Удина, кој се наоѓа во клучевската група на вулкани, до неодамна бил сметан за изгасен. Камчатското одделение на единствената Геофизичка служба на Руската академија на науки, кое работи од 1961-ва година, во овој регион регистрирал само една активност.
Експертите уверуваат дека потресите, од есен 2017-та, се се почести и нивната сила постојано расте. Од мај до јули 2018-та година во реонот на вулакнот биле регистрирани 559 земјотреси. Во февруари оваа година бил регистриран земјотрес со магнетуда од 4,3 степени според Рихтер. Во текот на целокупното набљудување, тоа бил најголемиот земјотрес во тој дел на клучевската група на Вулкани.
…meanwhile…in Russia…the Bolshaya Udina volcano has blown it's top ! https://t.co/bu9ai7KFTb
— Granny Goodwitch (@mswitchkraft) June 7, 2019
Директорот на лабораторијата за сеизмолошка томографија при Институтот за нафтогасна геологија и геофизика, академик Иван Кулаков, смета дека ерупцијата на вулканот, ако почне, најверојатно ќе биде од експлозивен тип. Истиот случај бил и со вулканот Безимен – сметан за изгасен, се додека во 1956-та година не дошло до силна ерупција.
“Кога вулканот долго мирува, неговата прва експлозија ќе биде катастрофална. Огромната количина на пепел ќе заврши во воздух, а тоа може да биде погубно не само за околното подрачје, туку и за целиот свет”, рекол Кулаков.
Според зборовите на експертите од Камчатското одделение при Геофизичката служба, се продолжува со внимателно набљудување на вулканот Болшаја Удина. Научниците планираат да ги искористат различните пристапни за проучување на гигантот, кои може да помогнат детално да се истражи наводното будење на Удина.