Научниците предупредуваат од втор бран на вирусот

575

Постои ризик од втор бран на епидемијата на коронаворусот во Велика Британија, додека веројатно се локализирани жариштата, порачаа во средата главните британски медицински здруженија, во едно од најсилните предупредувања во периодот кога се ублажуваат рестриктивните мерки за да му се помогне на стопанството.

Обединетото Кралство е меѓу земјите со најголем број починати од коронавирусот, но согласно забавувањето на ширењето на вирусот, многу рестрикции ќе се укинат од 4-ти јули.

Силниот втор бран на заразата со коронавирусот е кошмар за владите ширум светот. Многу британски медицински стручњаци предупредувааат дека е потребно веднаш да се направат подготовки за таквото сценарио.

„Иако е тешко да се предвиди идната форма на пандемијата во Велика Британија, достапните податоци укажуват дека сѐ поверојатни се локални жаришта, додека вториот бран е стварен ризик“, порачуваат британските медицински здруженија во писмото објавено во стручното списание British Medical Journal.

Писмото го потпишуваат 15 еминентни професионални здруженија и синдикати, а меѓу потписниците се и првите луѓе на Кралските колеџи на хирурзите, на лекарите, на итната медицина и на Британската здравствена организација.

„Многубројни елементи на инфраструктурата потребна за сузбивање на вирусот почнуваат да се поставуваат, но преостануваат значајни предизвици“, се додава во отвореното писмо.

Британскиот премиер Борис Џонсон е под силен притисок. Објавувајќи дека Англија се буди од „хибернацијата“, Џонсон најави дека се отвораат пабовите, рестораните и хотелите од 4-ти јули.

„Иако остануваме во приправна состојба, не веруваме дека во моментов постои ризик од втор пик на бројот на инфекцијата којшто би можел да го преплави NHS (британскиот здравствен систем)“, рече премиерот Џонсон во вторникот.

Во понеделникот беше забележан најмалиот дневен раст на бројот на починатите – 15 лица во Велика Британија од средината на март. Досега во оваа земја починаа дури 54.139 лица, со што само САД имаат повеќе смртни исходи од коронавирусот.

Џонсон, кој и самиот заврши на оддел за интензивна нега и на вештачка вентилација поради инфекција со коронавирусот, беше критикуван од опозицијата за наводно задоцнето воведување на карантинот, недоволно достапна заштитна опрема, како и за системот на тестирање и следење.

Здравствените експерти во споменатото писмо гворта за фокусирање на „подрачјата на слабостите“ за да се спречи вториот бран на пандемијата во интерес на заштитата на животот и што поскоро обновување на економијата.

Други потписници на писмото се Ен Мари Раферти, претседателката на синдикатот на медицинските сестри прио Кралскиот колеџ на сестрите, Меги Рае, претседателка на добротворното здружените Faculty of Public Health, и Ричард Хортон, главен уредник на научното списание Lancet.

Портпаролот на премиерот Џонсон одговори дека властите и натаму ќе ги гарантираат потребните ресурси за здравствените служби, како и дека тесно ќе соработуваат со NHS за Велика Британија да се подготви за неизвесната здравствена ситуација претстојната зима.