Новиот коронавирус може да преживее во телото најмалку две седмици по исчезнувањето на симптомите на болеста, а пациентите најверојатно не се многу заразени во периодот по престанување на симптомите, покажува кинеското истражување.
Веста за преживување на вирусот по престанувањето на симптомите можеби и не е толку лоша затоа што човечкиот организам развива отпорност на вируси кои подолго се задржуваат во него, вели за „Live Scinece“, Крис Џонсон, епидемиолог од Институтот за јавно здравје при Универзитетот Темпл.
„Доколку вирусот се задржи во човечкиот организам можеби тој повеќе нема да може да се зарази од некоја инфекција“ – вели таа.
Новото истражување објавено во списанието „ЈАМА“, го направиле четири медицински експерти кај луѓе на возраст од 30-36 години кои развиле Ковид-19, болеста која предизвикува коронавирус.

Тие се лечеле во болницата на Универзитетот Џонгнан во Вухан од 1-ви јануари до 15-ти февруари. Сите четворица закрепнале, а потоа еден од пациентите лежел во болница во текот на болеста.
Пациентите се сметале за излечени веднаш откако симптомите на болеста исчезнале, а два теста покажале дека истите се негативни на вирусот. Потоа уште пет денови биле во изолација дома, а по 13 денови од сето тоа на истите им бил земен брис од грлото за да се направат тестови.
Сите тестови кои биле направени подоцна биле позитивни на коронавирус.
„Ваквите резултати наведуваат до заклучок дека барем одреден дел од излечените пациенти и понатаму можат да бидат носители на вирусот“ – се наведува во истражувањето.
Не е невообичаено ниско ниво на вирусот да се задржи во телото на заразениот по лечењето, тврдат експертите.

„Тамифлу“, терапијата која што ја примале во текот на лечењето, би можела да ја сведе копијата на вируси во организмот на минимум. Во тој момент тестот веројатно не можел да ги детектира вирусите.
Но, откако терапијата била прекината, вирусите веројатно повротно почнале да се размножуваат. Ги имало во доволен број за да ги уништат ткивата па поради тоа пациентите не чувствувале никакви симптоми.
Во тој момент, веројатно тие не биле особено заразени, вели Џонсон.
„Треба да бидете внимателни дома. Да не пиете вода од иста чаша и често да се мијат рацете. Заразените од вирусот се носители на самиот вирус“ – вели Крис Џонсон.