Навивачите на Интер со сериозно предупредување за Лукаку

398

Навивачката групата на Интер, “Curva Nord” објави соопштение во кое го предупредува Ромелу Лукаку дека ќе мора да ја врати нивната почит.

Белгискиот напаѓач се враќа на позајмица, откако Интер и Челзи се договорија за сума од 8 милиони евра по разочарувачката сезона минатата година во Премиер лигата. Но, голем дел од поддршката на Интер не сакаат да го видат Лукаку назад во Милано, особено најверните навивачи кои го етикетираат напаѓачот како “предавник” по неговото заминување за вртоглави 97 милиони фунти минатото лето.

Минатата сезона пред неговото заминување, навивачите истакнаа транспарент на кој пишуваше:

“Не е важно кој бега кога врне, се брои кој ќе остане кога ќе падне бура. Чао Ромелу“.

Во соопштението објавено на Инстаграм, “Curva Nord” соопштија дека нема да “навиваат против Лукаку” но, побараа навивачите да не користат шалови и транспаренти направени од групата за да го пречекаат назад. Во него пишува:

“Curva Nord го поддржува Интер и нема да му противречи на играчот (и покрај неговото срамно однесување минатото лето). Со оглед на тоа, никој не треба да оди да го пречека со шалови или транспаренти на нашиот клуб. Поддршката за него во иднина ќе мора да ја заработи на теренот со понизност и пот. Беше поддржан (и третиран) како Крал, а сега е како многу други.

Димитар Младеновски