Навивачката група „Војводи“: Полициските притисоци нема да не натераат да се повлечеме од утрешниот протест

700

Од навивачката група „Војводи“ од Тетово повикаа на масвоно присуство на утрешниот протест за правда за уставобанителите.

Како што велат од навивачката група, силните притисоци од полицијата нема да ги поколебаат и да ги натераат да се откажат од протестот.

Сите притисоци, информативни разговори и опoмени кои се прават деновиве врз наши членови од страна на полицијата нема да не поколебаат и натераат да се повлечеме или откажеме од утрешниот протест, напротив вакви притисоци повеќе не мотивираат и мобилизираат.
Да не бевме Војводи можеби ќе не уплашевте, но и затоа не секој може да биде војвода.
УТРЕ СИТЕ ВО СКОПЈЕ !
За Никола Ниџе, за Јане Ченто, за Горан Ангелов, за Вили Гајда, за Игор Југ и за сите уставобранители !
СЛОБОДА ЗА УСТАВОБРАНИТЕЛИТЕ !!! – порачаа „Војводите“.