NBA-Актуелниот најдобар играч го оправда епитетот (ВИДЕО)

592

Рано сабајлево, се случи исклучително возбудлив меч помеѓу Денвер Нагетс и Њу Орлеанс Пеликанс. Беа потребни дополнителни 5 минути игра за да се реши победникот.Домаќините од Колорадо, предводени од актуелниот MVP, Никола Јокич, ја заслужија победата. Српскиот центар имаше инзвонредна претстава. Реализира трипл-дабл учинок сочинет од 39 поени, со 11 скокови и 11 асистенции и беше најзаслужен за успехот на својот тим.

Ова е четврти пат сезонава тој да има двоцифрен учинок во три статистички категории. Јокич постигна 17 од последните 24 поени за “нагетси”, од кој 11 во продолжението на мечот.

Денвер победи со 120-114 и стигна на осмата позиција во Западната конференција, со скор 12-12.

 

NBA FAN

Димитар Младеновски