Ретро NBA-Биковите во шампионски залет (ВИДЕО)

1768

На денешен ден (1997 година) Чикаго ја пречека Атланта во “Јунајтед” центарот.Во тој момент, тоа беше двобој за врвот на Истокот. Атланта имаше одличен старт на првенството а (бранителот на тронот) Чикаго имаше за нив невообичаен спор старт.

Повредата на Скоти Пипен и отсуството на повеќе епизодисти во составот ја забави одбраната на шампионската титула. Оваа вечер во “ветровитиот град”, најголемиот на сите времиња по којзнае кој пат ја покажа својата величина.

Мајкл Џордан постигна фантастични 47 поени со (речиси) 70% на успешност од упатените удари од поле.

На најдобар можен начин ја потсети екипата од Џорџија на плејоф елиминацијата од претходното доигрување (со чисти 4-0). На спротивната страна водечки беа (олимпиецот) Стив Смит и Елдриџ Рекаснер со по 18 постигнати поени.

Чикаго ова првенство го освои својот шести трофеј (во период од осум години) и ја потврди својата доминација во 90-тите.

 

Уживајте во ова носталгично видео каде на дело го имаме најдоброто од шампионскиот залет на “биковите”.

NBA FAN

Димитар Младеновски