Бостон Селтикс експресно ја заврши задачата против својот противник во првото коло на годинашниот плејоф.
Иако пред почетокот на сезоната важеа за еден од најголемите фаворити за титулата, тимот на Бруклин Нетс е елиминиран уште во првата рунда со чисти 4:0. Гостите славеа со 116:112 и го издржаа налетот на доаќините во последниот период од мечот.
Стандарден лидер во тимот од Масачусец беше Џејсон Тејтум со 29 поени следен од Џејлен Браун со 22 и најдобриот дефанзивец сезонава, Маркус Смарт кој постигна 20 поени. На спротивната страна Кевин Дурент имаше одличен учинок од 39 поени и 9 асистенции кој се покажаа залудни. На крајот од натпреварот навивачите во преполниот “Барклеј” центар отворено го изразија своето незадоволство од срамниот крај на сезоната за тимот од Њу Јорк. Разочарувачки крај на првенството за Бруклин Нетс и многу отворени прашања за време на идниот летен преоден рок.
Бостон Селтикс во втората рунда го очекува подобриот од дуелот помеѓу актуелниот шампион Милвоки Бакс и Чикаго Булс. Со оглед на тоа што “елените” водат со 3:1 против “биковите” за очекување е судир помеѓу Бостон и Милвоки во полуфиналето на источната конференција.
NBA FAN
Димитар Младеновски