NBA-Бостон со прво засилување за следното првенство

669

Пред престојниот драфт кој ќе се одржи во текот на утрешниот ден, ја имаме и првата размена на играчи.

Бостон Селтикс го донесе Кристапс Порѕингис. Латвискиот репрезентативец доаѓа од редовите на Вашингтон Визардс кој се во фаза на целосен ремонт. По заминувањето на нивната прва ѕвезда, Бредли Бил и објавувањето на Кајл Кузма дека ќе ја промени средината, ова е трет играч од стартната петорка кој го напушта главниот град. За да го доведе високиот центар во своите редови, Бостон се раздели од играчот со најдолг стаж во тимот, Маркус Смарт кој со “селтикси” помина 9 години.

Мемфис како дел од оваа трампа доби одличен играч, поранешен репрезентативец и тимски борец. Со доведувањето на Смарт во составот, “гризлис” ги имаат последните два најдобри дефанзивци во лигата. Џејрен Џексон ја освои наградата ланското првенство а новодојдениот бек со тој епитет се здоби сезона претходно. Тимот од Тенеси го напушта Тајус Џоунс кој по 4 сезони во составот се сели во Вашингтон.

Според информациите кој стигаат од САД, во размената се вклучени пикови од драфтот како и ветераните Данило Галинари и Мајк Мускала кој од Бостон се селат во Вашингтон, без гаранција дека ќе бидат задржани и сезоната ќе ја започнат во дресот на “волшебниците”.

NBA FAN
Димитар Младеновски