Од синоќешната NBA програма, го издвојуваме дуелот помеѓу најдобро пласираните тимови во Источната конференција.Чикаго Булс го пречека Бруклин Нетс во “Јунајтед” центарот. Гостите започнаа силно поради поентирањето на Кевин Дурент. Џејмс Харден го полнеше кошот на “биковите” и делеше навремени асистенции. Демар Дерозан и Зек Лавин го одржува својот тим блиску. По тројката на Лавин на полувреме, “булси”отидоа со минимална негатива (62-60).
Третата четвртина беше вистинска доминација на гостите од Њу Јорк. Одличната организација на играта и прецизниот шут на Харден носи предност од над 10 поени. Набргу во серија влезе убиствениот Кевин Дурент и Бруклин створи поопиплива разлика. Акробатскиот влез на Кајри Ирвинг носи +22. Бруклин овој период од мечот го доби со 39-19.
Во последниот период “мрежичките” продложија со силна игра. Дури и си 25 поени предност се жртвуваа за секоја топка, и нивниот агресивен стил беше клучен за големиот успех на гости. Конечниот резултат не беше доведен во прашање долго пред да се огласи сирената за крај на мечот. Конечни 138-112 за Бруклин Нетс и испраќање на сериозна порака на ривалот на Истокот.
Прв стрелец на победничкиот тим беше Кевин Дурент со 27 поени. Џејмс Харден имаше импресивен дабл-дабл учинок сочинет од 25 поени и 16 асистенции. Дебитантот Дејрон Шарп во својот 14-ти професионален натпревар го имаше своето најдобро досегашно издание и за укажаната минутажа постигна 20 поени. И покрај големиот триумф, Чикаго е сеуште првопласиран тим на Истокот (27-12) додека Бруклин е втор (26-14).
NBA FAN
Димитар Младеновски